Фармерите се заинтересирани за развој на руралниот туризам, усовршување на млечните капацитети, реконструкцијата на шталите, оранжериите и на пластениците, подигање нови лозови насади и за изградба на нови краварски фарми Развој на руралниот туризам, усовршување на млечните капацитети, реконструкцијата на шталите, оранжериите и пластениците се само дел од апликациите на земјоделците за искористување на европските пари од ИПАРД-програмата. Фармерите се исто така заинтересирани за подигање нови лозови насади, пари за изградба на нови краварски фарми, изградба на нови пластеници и оранжерии. Во Платежната агенција велат дека се пристигнати само 120 барања, а бројката може да се зголеми дополнително од барањата што се пратени по пошта.
Фармерите се заинтересирани за развој на руралниот туризам, усовршување на млечните капацитети, реконструкцијата на шталите, оранжериите и на пластениците, подигање нови лозови насади и за изградба на нови краварски фарми
Развој на руралниот туризам, усовршување на млечните капацитети, реконструкцијата на шталите, оранжериите и пластениците се само дел од апликациите на земјоделците за искористување на европските пари од ИПАРД-програмата. Фармерите се исто така заинтересирани за подигање нови лозови насади, пари за изградба на нови краварски фарми, изградба на нови пластеници и оранжерии. Во Платежната агенција велат дека се пристигнати само 120 барања, а бројката може да се зголеми дополнително од барањата што се пратени по пошта.
- Податоците допрва треба да се обработат и дури тогаш ќе се види колку земјоделци може да ги добијат европските пари, односно колку од нив ги исполнуваат условите за исплата. Се очекува првите договори да се потпишат кон крајот на мај, а парите да ги добијат во јуни - велат во Платежната агенција.
Во Министерството за земјоделство велат дека иако потребната документација и аплицирањето се упростени, во првата година не се очекуваат спектакуларни резултати.
Во Федерацијата на фармери на Македонија кажуваат дека нивните членови се заинтересирани за програмата, но дека само мал дел од нив ќе може да ги добијат европските пари.
- Голем дел од анкетираните фармери не почнале процедура за искористување на европските фондови. Ако земеме предвид дека самата апликација е процедура што опфаќа подолг период, може да се заклучи дека голем дел од земјоделците влегуваат во групата на фармери што нема да аплицираат- вели Ѓоко Данаилов, претседател на Федерацијата.
Според него, на фармерите им е потребна обемна документација за аплицирање, а треба да се исполнат и голем број услови и стандарди. Тие се пожалија дека им недостигаат пари за почеток на инвестициите, а голем број фармери не го исполнуваат условот за поседување имотен лист.
ИПАРД-поддршката опфаќа период од седум години (2007-2013), а се однесува на инвестиции за реструктуирање и надградба на земјоделските стопанства согласно ЕУ стандардите, на инвестиции во преработка и пласман на земјоделските и земјоделско-прехранбените производи и на инвестиции за диверзификација и развој на руралните економски активности. Проектите за инвестиции во земјоделските стопанства треба да бидат од секторите лозарство, овоштарство, градинарство и одгледување добиток за производство на млеко и месо. Поддршката е всушност грант што треба да покрие 50 отсто од трошокот за реализираната инвестиција.
Финансиската рамка за ИПАРД ја сочинуваат 75 отсто пари од ЕУ и 25 проценти средства од Буџетот на Македонија.
Вкупниот износ на ИПАРД фондовите е 60,7 милиони евра од кои 45,5 милион евра се од буџетот на ЕУ, а 15,2 милиона се од Буџетот на Македонија. Првите 42 милиона евра се однесуваат за периодот 2007-2010 година.